„Култура“ со летни изненадувања за љубителите на книгата

 

Во очи на летото, издавачката куќа „Култура“ планира изненадување за љубителите на книгата. Од  15.06.2013 година почнува летниот саем на книгата кој ќе се одржува во Супер Веро – Џамбо. Согласно овој настан, читателите ќе можат да купат книги по намалена цена и во книжарницата „Култура“ на плоштадот Македонија. Паралелно со саемот започнува и официјално кампањата на „Култура“ - „Подготви се за топлото лето“.

 

Култура го започнува жешкото лето со промоција на летниот хит „Лето во Тоскана“, роман кој се чита во еден здив. Приказната за Гема Џерико и Бен Рафаел е романтична авантура која засекогаш ќе Ви го промени погледот кон животот. Стилот на пишување на Елизабет Адлер му овозможува на читателот за миг да се најде во тесните улички на Рим, да пие италијанско кафе на познатите шпански скали и карактеристичните мали плоштадчиња на Рим, а преку  прекрасни предели, богато културно наследство, одлична храна и вонсериски вина опишани во „Лето во Тоскана“ читателот ќе ја доживее преубавата Тоскана. Адлер успеала наративно да го пренесе мирисот на полињата со лаванда, вкусот на зрелите гроздови, здивот на Италија, и звукот на летниот ветер низ чемпресите.

Промоцијата на романот ќе се одвива пред и во книжарницата „Култура“ со почеток од 18.00 часот. Посетителите ќе можат за само 250 денари да ја добијат книгата „Лето во Тоскана“ и вино од Сковин. Добредојдени се сите љубители на убавиот живот.

Но ова е почеток на бројните изненадувања кои ги подготвува „Култура“. Од понеделник 17.06.2013 година, стартува промоцијата „3во1“. Читателите ќе можат да ја започнат работната недела со книга, кафе и Горска. Имено, започнувајќи од овој ден па во наредните две недели сите кои ќе купат книга во книжарницата „Култура“ на плоштадот Македонија, во периодот од 11.00 до 13.30 ќе добијат и кафе и Горска.

Вистинско освежување само во книжарницата на „Култура“ на плоштадот Македонија.

 

најчитано сега