Петровец во црно: Бремената Дијана била мајка на 8-годишно детенце

Преку две куќи во скопско Петровец живееле убиената медицинска сестра, 31 годишната Дијана и осомничениот за убиство нејзиниот пријател Никола Кузмановски. Тага и молк вчера на улицата 10. Никој не претпоставувал дека може да се случи такво нешто.

Точните мотиви за убиството засега не се познати, но познато е дека двајцата биле договорени вчера во 18 часот да се сретнат во просторија на покривот на детската клиника. Околу 18 часот тој дошол на Клиниката каде биле договорени дека ќе се сретнат. Не му било прв пат да доаѓа додека е Диана е на работа. Полицискиот портпарол Марија Јаковлевска за Канал 5 изјави дека се сретнале во 18.30 во кровната просторија при што почнала расправија по што напаѓачот ја задушил жртвата. Два часа подоцна откако некој го видел на покривот пристигнале Алфите. Им кажал дека ќе се самоубие.

Официјално не се познати мотивите неофицијално неговите претходни посети и договорениот состанок на работното место на Дијана упатува дека можеби биле во љубовен однос. Живеат на иста улица број десет во Петровец. 31 годишната Диана била разведена мајка на 8 годишно дете, а неофицијално чекала принова. Нејзиниот поранешен сопруг лошата вест ја дозна на Клиниката каде со полицијата ја чекаше разврската . Околу 22. 30  часот Никола Кузмановски беше симнат од кровот по преговорите со полициските специјалци.

Тој е девет години помлад од жртвата до сега не сторил кривични дела , по сослушувањето покрената е кривична пријава за убиство. Обдукцијата покажала траги на насилство над Диана а смртта настанала со задушување.

Во одделот за интензивна нега 45 минути се обидувале да ја реанимираат Дијана, но таа не давала знаци на живот. Инаку убиената долги години работела како медицинска сестра токму на интензивна на детската клиника. Осомничениот и претходно доаѓал да ја посетува додека била на работа на клиниката. Вчера не покажувал никакви знаци дека ќе изврши убиство.

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега