Спречен терористички напад во трговски центар во Истанбул
Во заедничка акција на турската полиција и на Националната разузнавачка агенција МИТ, бил спречен обид за бомбашки напад во истанбулски трговски центар.
Двајцата осомничени напаѓачи биле уапсени во момент кога се подготвувале за ивршување на нападот. Претходно тие биле следени од полицијата.
При апсењето е пронајден експлозив.
Според турски медиуми, кои се повикуваат на извори во полицијата, уапсените се членови на забранета левичарска група. Во исто време од групата негираа на Твитер дека подготвувале терористички напад.
Оцени ја веста
10.01.2015 - 11:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа