Дали правилно ги користите кондомите?

 

За што подобро да се заштитите од сексуално преносливите болести, несакана бременост и други непријатни ситуации во кои може да ве доведат сексуалните односи, обрнете внимание на следните неколку ставки.

 

Иако можеби ви се чини дека за употребата на кодномот знаете сè што би требало, неретко се случува некои работи да ги правите погрешно, а за тоа да не сте ни свесни.

За што подобро да се заштитите од сите непријатни ситуации во кои може да ве доведат сексуалните односи, обрнете внимание на следните ставки.

1. Доколку забележите дека вашиот партнер го вади кондомот од џеб или преграда од паричник, укажете му на грешката. Имено, непотребното триење и зголемената температура во споменатите околности ја загрозуваат ефикасноста на кондомот, објасувна Деби Херберник, вонреден професор на Универзитетот во Индијана. Денес постојат интересни и корисни футроли за кондоми, во кои можете да ги чувате, или чувајте ги во самата кутија во која сте ги купиле.

2. Ако не оставите доволно место на врвот од кондомот каде што треба да се излие спермата, може да дојде до протекување, со што се поништува самата цел за неговото ставање. Секогаш треба да внимавате на тоа да се остави простор на врвот од кондомот, но и да не остане воздух во него.
3 .„Повеќето кондоми одговараат за сите мажи, но секогаш постојат исклучоци, па неретко се случува на оние со многу поголем или многу помал пенис, некои кондоми да не им одговараат, да не им се удобни“, објаснува Херберник. За да бидете сигурни дали кондомот ви одговара, обрнете внимание на тоа дали ве стега, дали често пука или се лизнува.

4. Можеби мислите дека е безбедно кондомот да го ставите пред самиот оргазам, но според Херберник, тоа е голема грешка. Покрај тоа што жената може да забремени и од преејакулирањето, поголем е и ризикот за добивање на сексуално пренослива болест. Неодамна студија покажа дека само 59% од луѓето кои учествувале во истражувањето, правилно го користеле кондомот, додека другите или прекасно го ставале или пребрзо го ваделе. За да сте најсигурни, најдобро е кондомот да го ставите на самиот старт.
5. На крај, треба да обрнете внимание и на рокот на траење на кондомот. Харберник објаснува дека секој вид на кондом има свој животен век. Рокот на траење на кондомот со спермициди или на оние со ефект на ладење или загревање е обично пократок отколку кај обичните кондоми.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега