Џорџ Озборн: Битката со тероризмот е национален приоритет на Велика Британија

 
Британскиот министер за финансии изјави денеска дека пресметката со тероризмот е национален приоритет за Велика Британија.
Министрот Озборн рече дека британските безбедносни и разузнавачки агенции ќе бидат редовно обезбедувани со се што им е потребно,за да може да се одржува безбедноста и сигурноста на земјата.
Тој откри дека вонредни 100 милиони фунти веќе се додлени на овие агенции,за посебното надгледување на сите оние кои заминале да се борат со џихадистите во Сирија и Ирак.
Во интервју за ББЦ,Озборн објасни дека Велика Британија се соочува со заканата од еден „многу комплексен заговор„ па затоа безбедносните агенции мора да бидат максимално будни,претпазливи и да ги имаат на располагање сите средства за борбата со тероризмот.
Изјавата на министерот за финансии Озборн,за безбедноста на земјата и за финансирањето на борбата за да се одбрани Велика Британија од тероризмот,е крајно невообичаена,затоа што тој никогаш досега нема дадено изјави околу оваа тема.
Изјавата доаѓа непосредно по терористичките напади во Париз и убиството на 12 лица во редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли Ербо„.
Британските безбедносни агенции веднаш реагираа со максимално засилување на безбедноста и зголемување контролата на границите,во британските пристаништа и во возовите на „Евростар“.
Генералниот директор на МИ5,Ендрју Паркер зборувајќи по парските случувања,откри дека три терористички заговори се спречени во Британија,само во минатиот месец.
Првиот човек на британското контраразузнавање рече дека заканата од терористички напад,постојано се зголемува.
 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега