Утрово најстудено во Скопје - смрзнувачка во Македонија

Времето утрово е многу студено. Во седум часот во Скопје-Петровец, Тетово и Берово се измерени -12 степени, во Битола -11, во Прилеп -10, во Скопје-Зајчев Рид и Куманово -9, во Демир Капија, Крива Паланка, Струмица и Кавадарци -8 , во Штип, Виница и Дебар -7 , во Гевгелија, Охрид, Претор и Лазарополе -6 , а во Дојран, Крушево и Маврово до -4 степени.

Како што соопшти УХМР, минималните температури беа -13 степени во Тетово до -5 во Дојран. 

Во текот на денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде од еден до седум степени.

Во Скопје слично време со температура до два степена.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега