Пратениците со полни раце работа

Во Собранието на Република Мкаедонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за здравство, за уставни прашања, за образование, наука и спорт и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за транспорт врски и екологија се Предлог - законот за градежно земјиште, предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за облигационите и стварноправните односи во воздушниот сообраќаЈ, на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, и на Законот за квалитет на амбиентниот воздух, сите во второ читање.

Членовите на Комисијата треба да ја разгледаат и Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2015 година.

На Комисијата за здравство треба да се расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог - законот за комплементарна и алтернативна медицина.

На дневен ред на Комисијата за уставни прашања се Текстовите на Предлогот на амандманот XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII, XXXIX и XL на Уставот на Република Македонија, со Извештај за резултатите од јавните дискусии по Нацртот на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI, XXXVII, XXXVIII и XXXIX на Уставот на Република Македонија, во второ читање, како и Предлог - уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XL на Уставот на Република Македонија, исто така во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе го разгледуваат предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното образование, на Законот за средното образование и на Законот за високото образование, сите во второ читање.

На седницата ќе се расправа и по Предлог - законот за Академијата за наставници, Предлог-законот за наставници во основните и средните училишта и Предлог - законот за oбука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, исто така во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледуваат и Предлог-законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование во второ читање и Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот “Св.Климент Охридски” – Битола (II фаза). 

Седница денеска ќе одржи и Законодавно-правната комисија. 

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега