Неда Украден плачела по...
Епитетот на најсекси баба на Балканот, Неда Украден го заслужи со право, што поради изгледот, што поради младешката енергија која и пркоси на годините. Има убави жени, кои венеат од злоба, но таа тврди дека не е таква.
-Се држам до тоа „какви ти се мислите, таков ти е животот“. Нема козметика, не постои пластичен хирург кој ќе ве разубави ако сте депресивни, злобни и ако имате негативен став за животот, семејството, работата и што и да е. Затоа што тоа се гледа некаде на лицето, изјавила Неда Украден.
Но, кога била млада, како и секоја тинејџерка била незадоволна од изгледот.
-Сакав да имам големи гради и рамен задник, но Бог ми подари друго. Постојано плачев, се жалев на мајка ми што сум така градена, и се прашував зошто и другите не се така градени. А потоа се претпостави дека тоа е некаква предност, истакнува Украден и додала дека кондицијата ја одржува со редовна физичка активност.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа