Во Скопје 14 сообраќајки изминатите три дена

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.

Во понеделник, на 5 јануари, извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници, а со телесна повреда се здобил и еден возач на патничко моторно возило.

Во вторник, на 6 јануари, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак.

Во среда, на 7 јануари, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција откри и санкционира девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, како и 14 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега