Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.
Измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата се на дневерн ред на Комисијата за труд и социјална политика.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата, во второ читање, и за измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање.
Законодавно-правната комисија, пак, ќе се произнесе по предложените законски решенија кои се на дневен ред на двете горенаведени собраниски комисии, како и по неколку барања за автентично толкување на членови од конкретни закони.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа