ФОТО: Лила Филиповска ќе се мажи по трет пат?

 

Водителката Лила Филиповска после бракот со таткото на нејзиниот син Филип и со Орце Димитровски од групата „Арија“ изгледа планира и по трет пат да стапне на лудиот камен. Се шегуваме, но фотографијата што ја прикачи на нејзиниот Фејсбук профил навистина го привлече нашето внимание.

 

Тројца од нејзините фанови носат маички на кои пишува „Лила омажи се за мене“. Едниот од нив клечи пред неа, а другите двајца стојат од страните. Дали и на кого Лила ќе му каже да останува да видиме!

 

Водителката постојано се забавува одлично со шеги на сметка на мажите и врските. По хумористичниот коментар на социјалните мрежи дека бракот е далеку од прекрасен, следеше советот до сите девојки кои имаат неверни партнери: „Ако вашето момче фрли око на друга жена, тогаш значи дека тоа око не му треба!“, па сега и оваа понуда за брак.

Паричката на Бадниковата вечер годинава не падна кај неа, но сигурни сме дека ќе има уште една прекрасна и успешна година.

 

 

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега