ФОТО: Иванов, Вељаноски и Трајановски на божиќна литургија во Соборниот храм

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово - Божиќ во Соборниот храм во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан богослужеше Златоустова литургија.

Иванов и Вељаноски по завршувањето на литургијата на граѓаните со православна вероисповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, среќа, успех и личен просперитет.

- На сите верници кои денес го слават Рождеството Христово - Божик им го честитам овој голем христијански празник и на сите нив им го посакувам сето она што го посакувам за себе и за своето семејство-многу радост, среќа, успех во животот, во нивните домови да има спокој и мир и да има просперитет и успех. Како што празниците не обединуваат и како овие празнични денови сме сите заедно посакувам во текот на целата година да бидеме сите заедно и да има многу успех и просперитет во целата наша држава, истакна претседателот Иванов.

Додаде дека на бадниковата вечер паричката се паднала во домот.

Претседателот на Собранието, Вељаноски на граѓаните на Република Македонија со православна вероисповед им го честиташе големиот христијански празник и им посака многу здравје, среќа и успех и на приватен и на професионален план, на политичарите поголемо единство и сплотеност, а на Република Македонија напредок и просперитет.

На бадниковата вечер паричката во семејството на Вељаноски се паднала кај неговата ќерка Ивана.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа