Пијани момчиња навредувале и нападнале соселанец кај коледарски оган
Коледарскиот оган во штипското село Чардаклија не поминал мирно и без инциденти.
Триесет и едно годишниот В.И. бил нападнат и навредуван од двајца соселани. Навредите започнале кај коледарскиот оган, а со цел ситуацијата да не ескалира три лица го однесе В.И. во неговиот дом. Но, тука се запрело сè.
Двајцата навредувачи дошле пред неговата куќа и продолжиле со пцовките, а со огревни дрва фрлале кон него и кон неговата куќа кршејќи ги стаклата од прозорецот.
-Кога оштетениот излегол во дворното место истите физички го нападнале удирајќи го по главата и телото при што биле спречени од страна на трите лица кои го однеле В.И. во неговиот дом. На В.И. му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.
Приведени се две лица на возраст од 24 и 27 години од Штип и при извршено алкотестирање кај двајцата е констатитано присуство на алкохол во крвта.
Полицијата нјавува поднесување на соодветна пријава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа