Џенингс го сруши шампионот
Детроит игра како препороден по заминувањето на Џош Смит, а сега со погодокот на Џенингс во последната секунда славеше против Сан Антонио со 105:104.
Тоа беше шести последователен триумф на Пистонси, а трагичар на мечот беше Тим Данкан. Спарси имаа +1 и топка во свој посед, но сепак Данкан не го изведе аутот добро, Милс не успеа да ја прифати топката, па Детроит организираше последен напад во кој Џенингс погоди на истекот на времето.
Андре Драмонд блескаше во таборот на победникот со 20 поени и 17 скокови, Грег Монро имаше дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови, додека Брендон Џенингс мечот го заврши со 13 поени и 7 асистенции.
Кај Спарси најефикасен беше Џеф Ајерс со 16 поени, Тим Данкан имаше 15 поени и 7 скокови, додека Дени Грин запиша 13 поени.
На вториот меч од ноќешната програма Милвоки загуби на домашен терен од Феникс со 102:96.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа