Никој не може да те повреди ако сам не му дозволиш- вреди да се прочита
Прашањето е дали ти ќе им дозволиш да те повредат или не! Зошто ако се сакаш и се прифаќаш себе си, тоа едноставно нема како да се случи. Нема, бидејќи ќе знаеш дека идеални луѓе не постојат. И ти не си идеален, но го прифаќаш тоа. А злобата на другите? Таа си е нивни проблем…
И во овој ред на мисли сакаме да споделиме со вас една поучна приказна…
„Во Токио живеел еден голем самурај кој бил веќе стар и се повлекол за да воспитува млади ученици. Но и покрај возраста се ширеле гласини дека тој е непобедлив.
Еден ден, еден воин познат по апсолутното отсуство на морал дошол кај него. Воинот бил познат по користењето на техниките на провокација: чекал противникот да го направи првиот чекор, извлекувал полза од направената грешка и веднаш напаѓал. Младиот и неспокоен воин никогаш не изгубил битка. Знаејќи ја репутацијата на самурајот отишол со цел да го победи и да се прослави.
Сите ученици протестирале против идејата, но старецот го прифатил предизвикот…
Сите излегле на плоштадот и младиот воин почнал да го навредува стариот учител. Фрлил неколку камења по него, го плукнал во лице, навредувајќи го него и неговите предци…направил се со цел да го испровоцира, но старецот бил воздржан.
Изморен и понижен младиот воин бил принуден да се повлече. Вознемирени од фактот дека нивниот учител не би требало да трпи толку навреди учениците го прашале:
– Како можевте да го поднесете тоа? Зошто не влеговте во двобој, па макар и да ја изгубевте битката, наместо со вашите постапки да ни ја покажете својата слабост и страв?
– Ако некој дојде со подарок кај тебе и ти не го прифатиш, чиј е подарокот?
– На оној што го донесол – одговорил еден од учениците.
– Па, истото важи и за зависта, гневот и навредите – рекол учителот
Ако не ги прифатиш, продолжуваат да припаѓаат на оној кој ги носи со себе“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа