Херник го загуби животот на релито „Дакар 2015“

 
 
 
Годинешното издание на релито „Дакар 2015“ ја зема првата жртва. Организаторите соопштија дека полскиот мотоциклист Михал Херник го загубил животот за време на специјалот Сан Хуан – Чилесито.
 
Вчера во раните утрински часови организаторите го изгубиле  сигналот од возилото на Херник и откако тој не пристигнал на целта во предвиденото време почна потрагата по него. За жал исходот беше трагичен.
 
- Ќе спроведеме истрага за причините на несреќата, но можеме да кажеме дека на неговото тело немаше траги од видливи повреди, се вели во соопштението на организаторите на „Дакар“.
 
39-годишниот Полјак две години се подготвуваше за својот дебитантски настап на најопасното светско рели.
 
Ова е вкупно 24 жртва на учесник на релито од 1979 година наваму.
 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега