Добри вести, Симон Аман поминал без тешки повреди

 

Швајцарскиот ски скокач Симон Аман доживеа тежок пад за време на скоковите во Бишосхофен, но сепак најновите информации велат дека тој поминал без потешки повреди на главата и рбетот.

Аман доживеа несреќа при доскокот во Бишосхофен, последната станица на овогодинешното издание на турнејата „Четири скокалници“.

Тој по првата рунда го држеше осмото место, во втората серија скокна 136 метри, но потоа не можеше да застане и практично со главата удри во снегот. Остана без свест и лицето цело му беше раскрвавено.

Веднаш по падот, на Швајцарецот му беше укажана лекарска помош и беше префрлен во медицинскиот центар на скокалницата. Аман ноќта ја поминал во болница, бил свесен и можел да ги движи деловите од телото.

Лекарите соопштиле дека тој навистина имал среќа, бидејќи со направените анализи било утврдено дека нема повреди на главата и рбетот.

Ова беше втор пад на Аман за нешто повеќе од десет дена, откако претходно доживеа несреќа во Оберстдорф, каде што старуваше Новогодишната турнеја во ски скокови

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега