Силен земјотрес го погоди тихоокеанскиот брег кај Панама

 

 

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала го погоди синоќа тихоокеанскиот брег во близина на Панама, соопшти американскиот Геолошки завод.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви, ниту причинета материјална штета. 

Потресот се случил во 23 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на 245 километри јужно од крајбрежниот град Пунта де Бурика, во близина на границата со Костарика, на длабочина од околу 33 километри под површината на земјата.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека не постои опасност од високите бранови.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега