Божиќна честитка од Цеца: Радувајте се и раѓајте деца!
Балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ за српски Ало ги отвори вратите од својот дом во текот на божиќните празници и раскажа како се одбележуваат празниците во нејзиното семејство. Домот на Ражњатовиќ во очи Божиќ е полн со топлина и љубов.
Цеца секој Божиќ го минува со своето семејство, а пријатна атмосфера ја прави детскиот жагор како и насмевката додека се отвараат божуќните подароци.
- Воспитана сум да ги почитувам сите обичаи и да ги одбележувам како што традицијата наложува. Голем верник сум и се трудам за Божиќ да ги испочитувам сите обичаи. Кога сум била мала, моите родители секогаш славеа слава и ги обележува празниците и сето тоа го пренесоа на мене, а така и јас ги воспитувам своите деца. На овој голем празник не одам кај родителите, туку Божиќ го дочекувам дома, вели Ражњатовиќ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа