Бремена жена-самоубиец се разнесе во Истанбул

 

При напад на жена-самоубиец, која влегла во полициска станица во стариот дел на Истанбул, Силтанахмет, и се разнела загина еден полицаец,  а друг е полесно повреден.

Градоначалникот на Истанбул, Васип Сахин изјави дека жената влегла во полициската станица и на англиски јазик се пожалила дека го загубила паричникот, по што го активирала експлозивот и се разнела. Тој додаде дека идентитетот и националноста на жената засега не се познати, но полицијата работи на расветлување на случајот.

Весникот „Туркие“ ја идентификува жената-самоубиец како Елиф Султан Калсен, која им била добро позната на властите. Таа била една од напаѓачите по кои се трагало по нападот во 2012 година врз полициска станица, во кој, исто така, беше убиен еден полицаец. Калсен подоцна на прес-конференција изјавила дека не е „жива бомба“.

Весникот „Хуриет“ пак, наведува дека пред разнесувањето на жената, властите имале информации дека се подготвува бомбашки напад од жена-самоубиец и ги зајакнале безбедносните мерки. Весникот открива и дека напаѓачката била бремена, а освен експлозивната направа која ја носела на себе, таа имала и две бомби во чантата, кои подоцна биле деактивирани од полицијата.

Одговорноста за вчерашниот напад ја презеде групата Револуционерен народен ослободителен фронт, пишува весникот „Радикал“. Истата оваа организација е одговорна и за обидот за напад врз дворецот Долмабахче на 1 јануари, кога вооружен напаѓач беше уапсен откако фрлил врз стражата рачна граната, која не експлодира.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го осуди ваквиот злосторнички чин и изрази сочувство до семејството на убиениот полицаец.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега