Груевски на Божиќна литургија во Тетово

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска  во 10 часот ќе присуствува на Божиќна Божествена архерејска литургија во Тетово.

Литургијата на која ќе присуствува Груевски ќе се одржи во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божиќни литургии.

Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега