УНХЦР: Светот нема одговор на кризата

 

 

Меѓународната заедница повеќе не е во состојба превентивно да влијае врз конфликтите, што доведе до најголемите бегалски кризи по Втората светска војна, изјави денеска во Анкара високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Антонио Гутереш.

- Нема ефективно водство и нема капацитети за превенција на судирите, кои некогаш постоеја, предупреди првиот човек на УНХЦР во говорот на дипломатскиот собир во главниот град на Турција.

Тој укажа дека судирите во Сирија и Ирак принудиле над 13 милиони лица да ги напуштат своите домови, што е најлоша криза од ’40-те години на минатиот век, додека ситуацијата постојано се влошува и во Јужен Судан. Либија и Чад. 

- Непредвидливоста и неказнивоста станаа правила на игра во денешниот свет, новите конфликти се множат, а старите не се решаваат, предупреди Гутереш. 

Шефот на УНХЦР процени дека вкупниот број на раселени лица на планетата надминал 50 милиони, нешто што не е забележано во изминатите седумдесет години.

Турција го повика Гутереш на годишен состанок на своите амбасадори во Анкара поради тоа што е тешко погодена од конфликтот во соседните Сирија и Ирак. 

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега