„Девојчето ми тропна на вратата цело крваво, имаше само желба за живот“

 

Откако единствена го преживеала падот на малиот авион, 7-годишната девојка со скршени коски и цела крвава, барала помош. Тропнала на вратата на 71-годишниот Лери Вилкинс.

Во страшната авионска несреќа загинало нејзиното семејство. Малата Сејлор Гацлер, вечерта сама низ шумата со скршен зглоб пешачела еден километар во потрага по помош, пишува Daily Mail.

Пред да отиде да побара помош се обидувала да ги разбуди мртвите мислејќи дека спијат. Сејлор низ темната шума се обидувала да го осветли патот со батерија.

Помош побарала во првата куќа која ја видела, а вратата ја отворил 71-годишниот Лери Вилкинс. На куќниот праг во околу 6 часот и 30 минути тој видел девојче кое се тресело, а од носот ѝ течело крв. "Рацете и нозете ѝ беа крвави", раскажал Вилкинс за американската телевизија NBC.

"Ми кажа дека нејзините мајка и татко се мртви и дека била дел од авионска несреќа. Крвареше премногу, нозете ѝ беа крвави, а и лицето исто така. Беше боса, имаше чорапа само на едната нога. Ме праша дали може да остане кај мене", рекол Вилкинс.

Веднаш се јавил во полиција и ја исчистил крвта од девојчето. Кога полицијата пристигнала до неговата куќа, таа била толку трауматизирана, што едвај ја разбрале што зборува.

"Била во авион кој се урнал и имаше само една сопствена желба да преживее и да одведе помош до своето семејство. Има седум години и скршени коски, а успеала да се извлече од леталото. Се наоѓала на место во кое нема светло, одела низ шумата боса додека не ја видела мојата куќа", рекол Вилкинс.

Семејството патувало од Флорида. Полицијата во Кентаки соопштила дека трагала по леталото за да ги пронајде и да им помогне на несреќните луѓе. Меѓутоа, тие веќе биле мртви.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега