Животот ми е пекол- се огласи Лепа Брена

 

Легендарната пејачка Лепа Брена, по кој знае кој пат, пооради здравјето минува низ пекол. Овојпат незгодниот пад по скали потполно и ги поремети плановите и внесе немир во нејзиниот дом. И покрај тоа што нема да се оперира, пејачката прима силни лекови и едвај ги преживува болките.

-Можев да поминам и полошо. Веќе еднаш преживеав се. Се надевам дека болката ќе помине", изјавила Брена.

Моментално раката на пејачката и е во гипс, но сепак е пуштена на домашно лекување, а сопругот Боба и синовите се покрај неа и во целост се грижат за неа.

- Среќна сум што поминав само со гипс. Во последно време животот ми е пекол, никако не можам да закрепнам во целост. Ме погодуваат само несреќи, но што е, тука е. Морам да се изборам со се", додала фолкерката.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега