Продолжува потрагата по жртвите и црната кутија на авионот на „Ер Азија“

 

 

 

Индонезиската морнарица продолжува со потрагата по телата и остатоци од авионот на „Ер Азија“, што падна во Јаванското Море на летот од Сурабаја во Индонзија до Сингапур. 

Бродови и авиони учествуваат во потрагата по авионот со 162 патници, што падна во Јаванското Море пред девет дена, а хеликоптери ја пребаруваат областа долж крајбрежјето. 

Според експертите се верува дека сезонска тропска бура придонела за авионската несреќа на 28 декември, а лошите верменски услови ги отежнуваат напорите на спасувачките екипи во потрагата по телата и црната кутија, што би требало да ги разјасни причините за несреќата.

Црната кутија со снимки и податоци емитува звучен сигнал до 30 дена од несреќата и за тоа време е можно да се открие.

Главна зона на потрагата е на околу 90 наутички милји од брегот на островот Борнео. 

Авионот на „Ер Азија“ имал дозвола за лет од Сурабаја до Сингапур само за понеделник, вторник, четврток и сабота, а во тек е истрага за тоа зошто авионот летал на рутата во недела. Поради непочитување на редот на летање дозволата на „Ер Азија“ е замрзната, соопштија индонезиските власти.

Досега е се откриени 34 тела, во најголем дел на индонезиски патници и членови на екипажот.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега