Во шумски пожар во Јужна Австралија повредени 30 пожарникари
Околу 30 пожарникари се полесно повредени при обидот да го изгаснат пожарот во сојузната држава Јужна Австралија, пред најавеното зголемување на температурата до 38 стрепени Целзиусови в среда и засилување на ветровите.
Спасувачките екипи соопштија дека огнот може да зафати нови 13.000 хектари шума. Во погодениот реон живеат околу 40.000 луѓе кои се занимаваат со земјоделство и лозарство.
Метеоролозите наведуваат дека временските услови во сојузната држава Јужна Австралија се најтешки од 1983 година кога во пожари во државите Викторија и Јужна Австралија загинаа над 70 луѓе и изгореа илијада домови.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа