Ужас: Пробал да си ја отруе бремената девојка

 

Џеред Рибак од Индијана на својата бремена девојка ѝ дал чај со состојки кои предизвикуваат абортус, сакајќи да си го убие своето неродено бебе.

евојката се напила од чајот и забележала дека нешто не во ред и дека тој е со чуден вкус.

Веднаш престанала да го пие и ја искористила првата шанса да го земе телефонот на своето момче.

Влегла во неговиот интернет пребарувач, и открила дека тој на “Google” барал начини да предизвика абортус.

Таа веднаш го пријавила во полиција кога открила дека во чајот ставил антидепресив кој се користи за менструални болки, а се поврзува и со абортусите.

Девојката, која се наоѓа во четвртата недела од бременоста и нејзиното бебе се во стабилна состојба, а 25-годишниот Џеред пред полицијата се обидел да се оправда со изговорот дека психички и финансиски не е подготвен да стане татко.

Џеред сега го чека судење и му се заканува казна до 20 години затвор и нешто повеќе од 8.000 евра, а неговата моментална кауција изнесува 16.000 евра.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега