Продолжуваат подготовките на македонските ракометари

Ракометната репрезентација на Македонија вчера попладне ги продолжи подготовките за Светското првенство во Катар.

Селекторот Ивица Обрван и во следните неколку дена ќе работи со сите повикани играчи (21), а кои 18 ќе заминат на турнирот во Франција и потоа за Катар ќе се реши по тренинзите што ќе се одржуваат следниве денови истотака во СЦ „Јане Сандански“.

По двата натпревара со Израел одиграни во првиот дел од подготовките македонската репрезентација до настапот на ракометниот Мундијал ќе одигра уште два натпревара на турнирот во Нант. На 9.јануари противник на Македонија ќе биде Алжир, а следниот ден нашата селекција ќе игра против Франција или Аргентина, пренесе МИА.

Првиот натпревар на шампионатот во Катар, Македонија го игра на 16.јануари против Тунис. Токму нашиот прв ривал вечерва игра пријателски натпревар на турнир во Швајцарија против репрезентацијата на Белорусија.

 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега