Штуловиот универзитет со предлог за унапредување на реформата во високото образование

 

 

Универзитетот на Југоисточна Европа (Штулов универзитет)  предлага македонските универзитети да работат според најдобрите програми од САД и Европа и студиски програми кои ќе бидат компатибилни, односно преземени од најдобро рангираните образовни институции во Европа и САД. 

За подобрување на квалитетот на високото образование и мобилноста на студентите и наставниот кадар во Македонија, Универзитетот на ЈИЕ го нуди својот пристап за кој посочува дека им го подобрил квалитетот, така што дел од нивниот наставен кадар сега предава во европски универзитети како визитинг-професори, а наставници од Европа и САД предаваат  на Штулов. 

- Стоиме на располагање ако цените дека овој пристап на акредитирање на студиски програми кои се компатибилни со најдобрите европски универзитети би го подобрил целиот систем во високото образование во РМ, како и подигнување на мобилноста на наставниците и студентите, да дадеме наш придонес во  изготвување стратегија за акредитација на наставните програми кои ќе бидат компатибилни со најдобро рангираните факултети од областа која се акредитира наставната програма, истакнуваат од Штуловиот универзитет. 

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 16:19
Фото: 
Утрински

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега