Новогодишни традиции ширум светот
Видете ги 10 од најчудните традиции кои луѓето ги прават во пресрет и веднаш по Нова година во светот:
Скршени чинии за подарок
Да се разбудите со еден куп скршени глинени садови на прагот не е најпријатно искуство кај нас. Во Данска сепак тоа значи дека некој ве сака. Данците цела година чуваат настрана скршени и стари чинии кои ги фрлаат пред влезните врати на пријателите и роднините во пресрет на Нова Година. Колку поголем број скршени садови, толку повеќе пријатели.
Las doce uvas de la suerte
Las doce uvas de la suerte, уште познато како дванаесетте зрна грозје на среќа, е шпанска традиција, која вклучува јадење дванаесет зрна грозје, откако часовникот ќе означи полноќ. Со тоа си гарантирате просперитет и среќа во новата година.
Нуркање во замрзната вода
Најхрабрите Канаѓани избираат добредојде на Новата година да и посакаат со нурнување во ладна вода само со костим за капење. Ова се практикува и во некои делови на Северна Америка. Холандија.
Празни куфери
Во Јужна Америка многу луѓе излегуваат на улица во своите домови со празни торби и куфери со надеж дека Новата година ќе им донесе можност да патуваат до далечни земји.
Предвидувања за метал
Германија, Австрија и Финска споделат чудна Новогодишна традиција – жителите им ставаат растопен метал во вода, за да си ја претскажат иднината. Ако металот заземе форма на срце или прстен, тоа покажува свадба во блиска иднина. Секакви форми кои наликуваат на животни, се знак за изобилство.
Првиот гостин
Тоа е шкотска традиција која се однесува на првиот човек кој ќе премине прагот по полноќ. Тој треба да е висок, темнокос маж, за да донесе среќа во домаќинството. Како и да ви подари сребрени монети, леб или виски.
Фрлање на стариот телевизор
Ако се најдете во Јоханесбург во пресрет на Нова година, најверојатно сериозно ќе се заплашите од начинот на прослава на локалните жители. Тие го слават празникот, со тоа што ги фрлаат старите апарати, како што се телевизори, шпорети, фрижидери и машини за перење, од прозорците.
Претворете се во животно
Јапонците се собираат во будистичките храмови, облечени како животното од Зодијакот за следната година.
Muñeco
Жителите на Панама се подготвуваат за новогодишната ноќ, со тоа што горат низ улиците слики на јавни личности, како политичари и славни личности. Чучелата, или Muñeco, се изложени во нивните куќи, додека настапи последниот ден од годината. Панамците избираат да прикажатна нив луѓе кои би сакале да гледаат помалку следната година.
Бојата на долната облека
Бојата на долната облека може да има огромно влијание врз следната година, според жителите на Јужна Америка. Продавниците во Венецуела, Бразил и Еквадор ги полнат полиците со светло обоени облеки во пресрет на Нова година. Облечен во црвена долна облека, на пример, носи љубов, а жолтата ветува пари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа