Расте поддршката од професорите за државниот испит - нови имиња на списокот поддржувачи

Расте поддршката од професорите и експертскта јавност за пакетот реформи во образованието со кои се предложува воведување на државен испит. Од денеска академикот Живко Попов и профсорот Др. Горазд Росоклија и се приклучија на иницијативата „За поддршка на знаењето во високото образование“.
 
Минатата недела 200 универзитетски професори излегоа со граѓанска иницијатива со која го подржаа предлогот за државен испит на факултетите. Знаењето е основната движечка сила во секоја професија, велат потпишаните професори во  документот. Тие се уверени дека високото образование  е неспорна државна одговорност. 
 
„Европските трендови во однос на автономијата на универзитетите е дека таа може да биде одржлива единствено и само преку ефективните механизми на економската одржливост, која, пак, е зависна категорија од вредностите и услугите што универзитетите му ги испорачуваат на пазарот на трудот. Колку повеќе знаење во високообразовниот систем, толку е поуспешна државата! Современиот концепт на автономен универзитет е концепт на пазарно-ориентирана автономија! Република Македонија мора да го следи овој тренд! Друг избор не постои“, стои во иницијативата. Притоа професорите посочуваат дека нема економски раст без соодветен раст на образованието. 
 
И бизнис заедницата со став дека е потребен државен испит, со цел поквалитетни кадри. 
Предлогот за државен испит посочуваат професорите од иницијативата е противуставен и не ја повредува автономијата на универзитетот. 
 
„Државниот испит ќе го спроведува Одборот за акредитација и евалуација на високото образование кој што на ниеден начин не може да влијае на нарушување на автономијата на универзитетите бидејќи се основа од основачот на државните универзитети. Основната цел на оваа мерка е подобрувањето на вкупниот квалитет на македонското високо образование во полза на студентите и на професорите “, се додава во текстот. 
 
И студентите кои полагале ваков испит во странство сметаат дека само на овој начин може се подобри  образованието.
 
Универзитетските професори порачуваат дека со иницијативата велат „НЕ“ за бизнис интересите, профитерите, манипулациите во високото образование, купените дипломи, оценките со протекции и нелојалната конкуренција во и меѓу факултетите и универзитетите. 
 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега