Еден час во Европа колку цела дневница во БиХ
За еден час работа вработните во европските земји добиваат надомест кој изнесува колку една дневница на работниците во Босна и Херцеговина, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат.
Според Евростат, за еден час работа Европејците во просек зарaботуваат околу 25 евра, додека еден работник во БиХ за истата сума мора да работи осум часа.
Како што објави сараевскиот весник „Ослобоѓење“, тоа значи дека платите во БиХ се осумпати помали од просекот во ЕУ.
Најниски плати во ЕУ со 3,4 евра на час имаат работниците во Бугарија, додека просекот во Унијата изнесува 24,2 евра на час.
- Ако ова се спореди со најниската плата во Федерацијата БиХ, која изнесува 2,15 конвертибилни марки (1,07 евра), произлегува дека еден босански работни треба да работи три дена (24 работни часа) за да го заработи просечниот европска надомест по час, наведува „Ослобоѓење“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа