Директорот на „Македонија пат“ неспособно се справува со невремето
Директорот на ЈП „Македонија пат“, Гајур Кадриу очигледно не може одговорно да се справи со невремето низ Македонија.
Кадарот на ДУИ кој важи близок на Али Ахмети покажа неспособност да се справи со временските непогоди.
Во премногу студена зима, директорот е должен да биде посветен на чистењето на снег, осбособување на сите патишта и чистење на сите населени места. Но, очигледно, Кадриу имал поголеми приоритети овој период. На пример, да си прослави нова годинабез да си ја заврши својата должност.
Во период кога има целосно завеани села и жители буквално заробени во своите домови, „Македонија пат“ никаде ги нема.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски и цела негова администрација, експресно излегоа на терен да ги вложат сите напори. Тие заедно со екипите на МЕПСО и директорот, со часови работеа без прекин.
Премиерот Никола Груевски до доцна сабајле заседаваше со кризниот штаб, беше мобилизирана и полицијата, а војската на готовност да помогне.
Наспроти ова, Гајур Кадриу не успеа да излезе ни од својата канцеларија, изненаден од снегот. Неговиот пример го следеше и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари кој не мрдна ниту со прст да им помогне на граѓаните. Тие одлучија да ја префрлат вината на граѓаните дека тие се виновни што не си го чистат снегот пред своите домови.
Висока снежна покривка на улиците, натрупан снег на тротоарите, кои се целосно неупотребливи – тоа е сликата за Кичево. Граѓаните се разочарани од односот на градоначалникот Фатмир Дехари, кој дозволи градот да биде парализиран.
-Во неделата вечер сакав со автобус да отпатувам во Скопје, каде што и работам. Но автобуси немаше. Иако имаше информација дека патот до Скопје е прооден, автобуите не можеа да излезат од гаража, поради натрупаниот снег. Тргнав дома со автомобил, кој заглави во снег. Па чекав да дојде пријател со автомобил да ни помогне, да не извлече, вели за Вечер разочарана кичевка.
Според неа, градоначалникот воопшто не презема ништо. Улиците се неисчистени, снегот на тротоарите стои, никој не реагира, луѓето мака мачат да стигнат на работа и да ги вршат секојдневните обврски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа