Јакобсен победник во Гармиш

Норвежанецот Андерс Јакобсен ја забележа првата победа сезонава во Светскиот куп, откако го освои првото место во Гармиш-Партенкирхен на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
 
За Јакобсен ова беше јубилејна десетта победа во кариерата и втора на скокалницата во германскиот скијачки центар.
 
Второто место му припадна на Симон Аман (Швајцарија), а трет беше Петер Превц од Словенија.
 
На првите три места на Новогодишната турнеја по скоковите во Оберстдорф и Гармиш се наоѓаат Стефан Крафт од Австрија со 561 бод, пред Превц 560.8 и Михаел Хајбок (Австрија) 554,8.
 
Генералниот пласман во Светскиот куп: Хајбок 549 бодови, Роман Куделка (Чешка) 530, Андрес Фанемел (Норвешка) 530,... 
 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега