Амбасадорката Оер ќе зборува за улогата на дипломатијата

Во организација на „Дипломотскиот клуб“ денеска во салата на Министерството за надворешни работи француската амбасадорка Лоренс Оер има обраќање на тема „Местото, улогата и компатибилноста на јавната дипломатија во современите дипломатски сервиси“.

Покрај членовите на „Дипломатскиот клуб“, на обраѓањето ќе присуствуваат  вработени во МНР, како и сите заинтересирани активни и поранешни македонски дипломати, односно шефовите на странските дипломатски претставништва во Скопје.

По обраѓањето на Оер предвидена е отворена дискусија.

Целта на оваа активност е да придонесе за подобро разбирање на функцијата на јавната дипломатија во остварувањето на надворешната политика и улогата на дипломатискиот сервис во тој процес.

ФОТО: sq.kurir.mk

најчитано сега