Барселона може и без трансфери

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Андрес Иниеста смета дека забраната за трансфери до 2016 година изречена од УЕФА нема да претставува никаков проблем за каталонскиот тим.
 
- Не гледам посериозен проблем околу ново настаната ситуација. Ќе се потпреме на нашите играчи од младинската школа каде веќе неколку фудбалери ја имаат истакнато кандидатурата за влез во првиот тим, рече Иниеста.
 
Тој се осврна и на враќањето на Торес во шпанската лига.
 
- Атлетико е вистинскиот избор за Фернандо. Се врати дома, се врати на местото каде најдобро се чувствува. Очекувајте го стариот Торес, нагласи Иниеста.
 

 

Оцени ја веста

01.01.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега