Откриени девет масовни гробници со тела на ирачки јазиди

 

Курдските сили откриле девет масовни гробници во последните седмици, во кои имало тела на претставници на ирачкото малцинство јазиди, за кои се смета дека биле егзекутирани од вооружени борци од „Исламска држава“ во северозападниот град Синџар, соопштија курдски претставници.

- Гробници содржат останки на жртвите јазиди, убиени од бунтовници терористи од Даеш, рече Хаири Бузани, одговорен за прашањата на јазидите во автономната област Курдистан.

- Гробниците биле откриени во реони во места населени претежно од јазиди во градот Синџар, кој курдистанските сили пешмерги неодамна повторно го освоија од исламистите од ИД, рече Бузани.

Тој, меѓутоа, не појасни колку луѓе биле погребани во гробниците.

Бузани рече дека борци на ИД разурнале 18 јазидски храмови, откако екстремистичките сунитски милиции упаднаа во Северен Ирак во јуни.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега