Крај на драмата: Охрид, Струга и Дебар добија струја
МЕПСО информира дека Охрид, Струга и Дебар по утринскиот дефект повторно имаат електрична енергија.
Во 7:30 часот била регистрирана безнапонска состојба на 110 kV далекувод Т.С. Ресен – Т.С. Охрид 2 со што Охрид, Струга и Дебар останувале без напојување со електрична енергија.
Екипите на МЕПСО излегоа на терен за да ја утврдат локација и да го отстранат дефектот и во 10 часот биле вклучени под напон сите елементи од преносната мрежа во охридско-ресенскиот регион, со што било воспоставено редовно напојување со електрична енергија.
-На терен се екипите и во континуитет вршат проверки на далекуводните траси во должина од околу 200 километри на потегот од Дебар –Струга-Охрид – Ресен до Битола, соопштуваат од МЕПСО.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа