Летаат казни - УЈП „удри" по угостителските објекти
Управата за јавни приходи во контрола извршена во ноќните часови меѓу 27 и 28 декември утврди неправилност кај седум угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани.
Поради нерегистрирањето на готовинските плаќања, за објектите е изречена времена забрана за вршење на дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба во висина до 3.250 евра во денарска противвредност
- Предновогодишната потрошувачка го зголемува ризикот од неевидентирање на готовинскиот промет, токму затоа ги потсетуваме сите даночни обврзници на почитување на обврската за регистрирање на готовинскиот промет и за издавање на фискални сметки на потрошувачите, наведуваат во соопштението од УЈП.
Додаваат дека редовно се присутни на терен, особено на местата со изразено зголемен промет во овој период како што се угостителските и објектите кои вршат малопродажба.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа