Десетмина загинати при уривање на градежжно скеле во Кина
Десет работници загинаа, а четворица други се повредени денеска при уривање на градежно скеле во кинескиот главен град Пекинг.
Инцидентот се случил за време на изградба на спортска сала во една гиманзија.
Претставник на гимназијата соопшти дека сите жртви при несреќата се градежни работници, додавајќи дека учениците и професорите не биле доведени во опасност.
На местот на инциденто пристигнале градежни машини кои учествуваат во расчистување на остатоците од скелето.
Причините за уривањето на скелето засега не се познати.
Оцени ја веста
29.12.2014 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа