Маврвово без струја - во Долнени нема настава

Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи, регионалните и магистралните патишта во Прилепско се проодни и сообраќајот се одвива непречено.
 
Снегот, посочуваат, созддаде проблеми во проодноста на локалните патишта, а нема настава во училиштата во дел од селата во општина Долнени.
 
- Во општина Прилеп наставата редовно се одвива. Има скратени часови во селата Канатларци и Тополчани и прекин на електричната енергија во Мариово и во Тополчани. Што се однесува до општина Долнени, прекин на наставата има во дел од населените места. Сообраќајот не се одвива на патните праци од селата Дупјачани кон Небрегово и од селото Вранче кон Средорек. Причина за прекинот се скршени гранки и искинати жици со што има и делумно прекин во електричната енергија, вели Влатко Котески од регионалниот Центар за управување со кризи во Прилеп.
 
Според Котески, проодни и расчистени се сите регионални и магистрални патишта во Прилепско, како и превојот Плетвар. 
 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега