За три и пол месеци 15.030 луѓе кажале „Ало докторе“

Вкупно 15.030 луѓе се јавиле на телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември кога започна да работи линијата до синоќа до 22 часот.

Здравствениот дом Скопје соопшти дека изминатите седум дена од 22 декември до 28 декември до 22 часот здравствен совет побарале 790 лица. Дваесет и двајца доктори се достапни за здравствен совет на линијата, а јавувањата се од граѓани од  сите градови на Македонија.

На  сите  лица кои се јавија на телефонската линија  „Ало докторе“, како што се наведува, им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчесто јавувањата на  телефонската линија се за медицинска помош со широк спектар на најразлична  симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, најчесто за зголемен крвен притисок, проблеми со зголемена телесна температура, кашлица, настинки  и симптомна болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот „Ало докторе“ за медицински совет се дежурни и достапни за здравствен совет директорите на јавните  здравствени установи.

Од Здравствениот дом Скопје посочуваат дека денеска во кол Центарот на „Ало докторе“ од 18 до 22 часот дежурна ќе биде др.Смиља Туџарова, директорка на Клиниката за пластична хирургија.

На линијата утре дежурен ќе биде проф.др.Михаил Пенев од Клиниката за урологија, задутре ќе биде др.Милан Ристевски од Клиниката за радиотерапија и онкологија, на 1 јануари др.Славица Шубеска Страткова од Клиниката за ендокринологија, а на 2 јануари др.Реџеп Селмани, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување.

На 3 јануари на линијата „Ало докторе“ дежурна ќе биде др. Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести, а на 4 јануари доц.др.Сашко Кедев, директор на Клиниката за кардиологија.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 10:15
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега