Денот кога светот занеме, една година од тешката несреќа на Михаел Шумахер

 

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер пред точно една година заработи тешка повреда за време на скијање на француските Алпи, откако при падот ја повреди главата.

Повредата Михаил ја заработи откако паднал за време на скијање надвор од означената патека, а бил заедно со неговиот 14-годишен син. Тој веднаш со хеликоптер беше префрлен во болница, а подоцна поради крварење на мозокот беше ставен во вештачка кома.

shumaher-500

 

Тој престојуваше  во болницата во Гренобл  до септември ваа година. Возачот на Формула 1 се наоѓаше во кома 189 денови, а потоа од болницата во Гренобл беше префрлен на рехабилитација во Лозана, Швајцарија. Во моментов Шумахер се рехабилитира во својот дом.

Шумахер на 3-ти јануари ќе го прослави својот 46-ти роденден. 

 

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега