АНКЕТА: Владиката Петар треба да биде разрешен во Австралија
За да се надмине спорот во австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар треба да биде разрешен. Овој одговор го дале околу 64.7 отсто од определените испитаници во телефонската анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), направена по барање на Здружението на македонските заедници од Австралија. Само 35.3% од определените сметаат дека Петар не треба да биде разрешен. 56.6% од вкупниот број испитаници не дале одговор на ова прашање.
75.3% од определните испитаници сметаат дека Петар го нарушува угледот и достоинството на МПЦ, а само 24.7% не се согласуваат. Ако се вбројат и оние испитаници кои не дале одговор на ова прашање, 44.2% сметаат дека Петар го нарушува угледот и достоинството на МПЦ, наспроти 14.5% кои не се согласуваат. 41.3% од испитаниците не дале одговор на ова прашање.
Според Член 74 и 73 од Уставот на Македонската православна црква, Епархискиот Архиереј престанува да раководи со Епархијата кога ќе се утврди дека не се одликува со морален живот и кога ќе се здобие со лош глас во својата средина.
За разлика од Петар, во владиката Тимотеј, кој е назначен како администратор на 14 храмови во Австралија кои успешно се заштитија од обидите на Петар да ги преземе нивните имоти, доверба изразиле 81.9% од определените испитаници, а недоверба изразиле само 18.1% од определените. Од вкупниот број испитаници, 40,1% изразиле доверба во г. Тимотеј, 8.9% изразиле недоверба, а 51% не дале одговор.
За сите владици во МПЦ убедливо мнозинство од определените испитаници изразиле доверба, додека во Петар дури 64.8% изразиле недоверба, а само 35.2% изразиле доверба.
Дека за споровите и нарушените односи меѓу МПЦ и Македонските православни заедници во Австралија лична одговорност има и Архиепископот г.г. Стефан сметаат 67% од определените испитаници, додека 32.6% не се согласуваат. Кога ќе се вбројат и испитаниците кои не дале одговор, 42% сметаат дека Архиепископот има лична одговорност, а 20,4% не се согласуваат.
Доверба во Синодот на МПЦ изразиле 68.% од вкупниот број испитаници, додека 18.6% изразиле недоверба, а 12.6% не дале одговор.
Истражувањето било спроведено преку телефонска анкета од страна на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 18 и 21 декември 2014 година на 1,012 полнолетни граѓани со православна вероисповест, од сите епархии во Република Македонија.
Во прилог се резултатите од истражувањето, во кои сите одговори се стандардно процентуално претставени, но со користење на два методолошки концепти.
Првиот, резултати од вкупниот број на испитаници, кадешто се претставени процентите за граѓаните кои се одлучиле за еден или друг понуден одговор и неопределените испитаници; и вториот, резултати од определени испитаници каде се претставени процентите, но само од граѓаните кои се определиле за некоја од понудените опции, без притоа да бидат земени предвид неопределените испитаници.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа