Подгответе се за поларни температури - нема да ви се верува колку ќе биде студено за Нова Година

 

Наредните неколку денови Македонија ќе ја зафати многу студено време со температури до 17 степени по нулата.

vremenskaaaaa-500

Новата работна недела ќе почне со снег и ниски температури. Според прогнозите максималната температура во понеделник ќе биде -1, додека минималната -14 степени.

Најстудено се очекува за Нова година. На 31.декември живата ќе се спушти до 17-тиот степен под нулата, додека на први јануари минималната температура ќе биде -16 степени.

Како ќе се ближи средината на јануари, температурите ќе бидат во благ пораст, но студеното и суво време ќе се задржи речиси цел месец јануари.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега