Пуштање во употреба на систем за управување со отпадни води на брегот на Преспанско Езеро

 

Систем за управување со отпадни води во село Наколец на брегот на Преспанското Езеро, за чија изградба се инвестирани пола милион долари, ќе биде пуштен денеска во употреба.

Изградени се канализациска мрежа со должина од 4,2 километри и современа пречистителна станица, со што се овозможува безбедно зафаќање и ефикасен третман на отпадните води од ова крајбрежно населено место. На тој начин, се придонесува кон заштитата на Преспанското Езеро и се подобрува и квалитетот на живот на локалното население.

Средствата за  инвестицијата се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) во рамки на проектот за заштита на Преспанското Езеро. Општината Ресен и Министерството за животна средина и просторно планирање го спроведува проектот со техничка поддршка на УНДП.

На пуштањето во употреба на новиот систем е најавено присуство  на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски.

 

 

Оцени ја веста

27.12.2014 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега