ВИДЕО: Да сум птица и да имам крила - врзете се, вакво возење сеуште немате доживеано!

Јастреби – колку се моќни овие птици ќе се уверите и од самата видео снимка, која ја има направено американската воена агенција за развој на нова технологија и за потребите на американската војска.

Поставувањето на супер чуствителните камери на јастребот овозможува снимање на неверојатниот лет низ шумата од птичја перспектива.

Во иднината „DARPA“ (агенцијата на Министерството за одбрана на САД одговорна за развој на новата технологија за војската на САД) сака да поседува дронови со идентички летачки способности.

DARPA сака да создаде доволно мали дронови кои би можеле да минат низ отворен прозор и да достигне брзина од 73 километри на час, а при тоа да маневрира околу препреките.

На снимката се гледа неверојатен брз лет на јастребот низ густата шума, и запрепастувачката способност на навигација на оваа чудесна птица. Таму каде што оваа птица мината, забележувате, ниту камерата не успева да сними.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега