Отворен за сообраќај мостот на Вардар кај Пепелиште

Мостот на реката Вардар кај неготинското село Пепелиште кој неодамна беше забранет за движење поради оштетеност, од денеска е пуштен за сообраќај.

- Направивме преглед на состојбата. Најголемото и најкритичното оштетување кое настана со поплавниот  бран е целосно санирано успешно,  а можам со задоволство да кажам дека целата процедура е спроведена  во исклучително краток период, рече професор доктор Горан Марковски од Градежниот факултет кој излезе на терен да ја провери состојбата со мостот.

- Се ограничува брзината на движење  на 30 километри на час. Има ограничување на движење и на еден дел од мостот под столбното место кое има одредени оштетувања се до неговата санација после што целиот мост ќе биде пуштен во нормален сообраќај. Ограничувањата  нема да бидат пречка за протокот на возила. Тонажата не е ограничена, рече Марковски.

 

најчитано сега