Бесими и Бињон дискутираа за напредокот на Македонија

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска остварил средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон и Роберт Волтер известител на мониторинг комисија на парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија.

Од СЕП информираат дека на средбате се дискутирало за напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција, при што вицепремеирот Бесими се осврнал на прогресот остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда. Во таа насока, Бесими истакнал дека Пристапниот дијалог овозможи де се добие нова динамика во остварувањето на реформите во петте клучни области и дека постигнатиот напредок беше соодветно нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија.

Бесими се осврнал на активностите преземени за адресирање на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, особено во делот на слободата на изразување, изборната реформа, реформата на јавната администрација и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи како и мерките за задржување на економската стабилност, намалување на невработеноста и вработувањето на младите.  Во тој контекст, Бесими го подвлекол значајниот придонес на експертите на Советот на Европа при подготовката на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета како и во процесот на подготовка на Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој што е во тек, соопшти СЕП.

- Ние и понатаму остануваме посветени на исполнувањето на преземените обврски во евроинтегративниот процес  и очекуваме Европскиот совет соодветно да го утврди напредокот нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија и во Резолуцијата за напредокот на Република Македонија усвоена од страна на Европскиот Парламент на 23 мај 2013 година, истакнал Бесими.

Преставниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа и вицепремиерот Бесими го поздравиле формирањето на анкетна комисија за настаните од 24 декември.

најчитано сега