Откријте дали сте Фејсбук прељубник
Неодамнешното истражување покажало дека 46% од мажите за интензивното онлајн допишување сметаат дека тоа е неверство. Причината поради која тие не гледаат на тоа како неверство е затоа што тоа е многу раширено и едноставно
Неверството бара многу време, мислење, криење и слично. Според мислењето на многумина, токму во тоа е нејзината магија, додека допишувањето е многу полесни и не бара многу труд, па затоа не е вредно да се спомне.
Неверство е делење на какви било интимни детали со друга личност и ако поминувате повеќе време со некој онлајн отколку со партнерот во живо. Допишувањето може да создаде интензивна поврзанот ако е толку често.
Ако не сте сигурни, ова се знаците дека вашето ноншалантно онлајн муабетење е можеби елетронска афера:
Со таа личност споделувате работи кои обично не би ги споделиле со партнерот, вклучувајќи ги вашите стравови, цели и соништа.
Кога ќе ви се случи нешто возбудливо, тој/таа е вистинската личност на која сакате прво да и кажете.
Се средувате за таа личост, дури и ако се работи само за фотографија.
Разговарате за партнерот и незадоволството кое го чувствувате со него, често претерувајќи со негативните страни.
Се чувствувате емотивно поврзани и зависни и лошо ви е кога нема комуникација.
По будењето првото нешто што го правите е да проверите на телефонот дали ви пишала личноста или направила нешто ново на социјалните мрежи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа